Текст песни Македонска народна (староградска) музика (Ансамбл Билјана) - Песна за Деспина

Голема риџа ти чинам
ти кира Савето,
и јас те поздрављам
да ми дојдиш на визита,
јас да те пречекам. [2х]

Не можам јас да дојдам
ти кира Марие,
таџис не чини се,
ќе ти ја пратам сестра ми
кирја Катерина. [2х]

Тропна, чукна на портето
кирја Катерина
отвори Деспина,
не се спушти ни мајка е,
ја баци раката,
во раката меџитлија
нишан за Деспина.

Нишан ти давам Деспино,
да не ме заборавиш.
Поминаја три години,
ти ме заборави.

Појди горе во одаја,
тетко Катерино
на џамфес миндери,
ем благо да си земиш,
кафе да си пиеш,
ти благо да си земиш,
кафе да с' напиеш.

Јас благо не ти љубам,
кафе не ви пијам,
ти кира Марие.
Само ја сакам Деспина
за кир Ристакија. [2х]

Бог го јубил тој пармака
пармак Димитрија,
Димитри чапкунот.
Тој те мамил три години
таа кира Деспина,
што је мамил три години,
и пак не је зеде.

Во сабота навечер,
на осум саати,
свирит Караѓуле.
Брзо наврати порта
ти кира Марие,
Деспина ќе ја грабиме
никој да не знае.

Немој Марие, нечинит,
резил да не бидит.

Колку се ѕвезди на небо,
пушки ќе фрламе,
сватој ќе донесат.
Деспина ќе ја грабиме
ти не ќе е видиш.

Немој Марие, нечинит
резил да не бидит.